Интернет-платформа со 100.000 корисници

Bez autora
Jun 24 2012

На новата мултимедијална платформа од новата генерација целосно базирана на интернет на „Телеком“ во изминатите девет месеци мигрирале 100.000 корисници. Проектот за модернизација на мрежата преку нова мултимедијална платформа „Телеком“ го почна во ноември лани. Инвестицијата изнесува 14 милиони евра и треба да се комплетира следната година. Со платформата, која ќе ги замени постојните дигитални телефонски централи, се прави подготовка за услугите од новата генерација и неограничените можности на комуникација што ги овозможува интернетот. Со оваа инвестиција од 14 милиони евра, Македонија ќе биде првата земја во Југоисточна Европа која ќе има мрежа целосно базирана на интернет- протокол. За неполни девет месеци 100.000 корисници мигрирале на платформата, што значи дека сме на вистински пат да го оствариме ветеното, до крајот на 2013 година сите корисници да ја користат новата интернет- платформа.

Интернет-платформа со 100.000 кориснициНа новата мултимедијална платформа од новата генерација целосно базирана на интернет на „Телеком“ во изминатите девет месеци мигрирале 100.000 корисници.

Проектот за модернизација на мрежата преку нова мултимедијална платформа „Телеком“ го почна во ноември лани. Инвестицијата изнесува 14 милиони евра и треба да се комплетира следната година. Со платформата, која ќе ги замени постојните дигитални телефонски централи, се прави подготовка за услугите од новата генерација и неограничените можности на комуникација што ги овозможува интернетот.

„Со оваа инвестиција од 14 милиони евра, Македонија ќе биде првата земја во Југоисточна Европа која ќе има мрежа целосно базирана на интернет- протокол. За неполни девет месеци 100.000 корисници мигрирале на платформата, што значи дека сме на вистински пат да го оствариме ветеното, до крајот на 2013 година сите корисници да ја користат новата интернет- платформа“, изјави Даниел Сас, главен извршен директор на „Македонски телеком“.

Во наредните години, најави Сас, најголемите инвестиции ќе бидат насочени кон модернизација на мрежите, и тоа во износ од 150 милиони евра само во фиксната мрежа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik